Најчесто поставувани прашања - Трансплантација на коса Турција и козметичка хирургија Турција

Најчесто поставувани прашања

Што е трансплантација на косата?

Во најширока смисла, трансплантацијата на коса се состои од епидермална
екстракција на фоликулите генетски отпорни на ќелавење од зоната на задниот дел
од скалпот помеѓу ушите, и дермална трансплантација на овие фоликулите на
предниот дел од скалпот каде се очекува косата да расте.

Колку долго да прекинам со тренинг после ФУЕ трансплантација на коса ?

Веднаш после трансплантацијата на коса, можете да почнете со кратки прошетки или физички активности кои нема да предизвикаат потење. Со потешки спортски активности можете да почнете после 10 дена. Но, треба да внимавате и да одбгенувате тешки притисоци на донорската и реципиентната регија при тешки спортови, во период од два месеци. Пр. Не треба да удирате топка со глава при играње фудбал.

Колку долго се изведува трансплантација на косата?

Ние, пластичните хирурзи, изведуваме реконструктивна хирургија на косата и
трансплантација на коса со искуство стекнато во текот на повеќе од триесет години.

Од каде се земаат влакнените фоликули кои се користат за трансплантацијa?

Влакнените фоликули кои се користат при трансплантација на коса се земаат од задниот дел на скалпот, меѓу ушите. Овие фоликули се генетски отпорни на опаѓање. Тие доживотно остануваат на регијата на трансплантација и даваат раст на коса.

Колку влакнени фоликули може да бидат траснплантирани одеднаш со ФУЕ техника на трансплантација ?

Ако пациентот има адекватна донорска зона и ако пластичниот хирург кој ја изведува операцијата има искуство во ова поле, тогаш до 3500-45000 влакнени фоликули може да бидат извадени и пресадени во една сесија. Иако технички возможно не е препорачливо да се екстрахираат повеќе од овој борј фоликули. Ако се надминат овие бројки , ефективноста на доноркста регија е намалена.

Што значи задоволителна густуна на косата за мене после трансплантација на коса ?

Во случаи на задоволителна густина на донорската регија и задоволителна цврстина на влакната, 80-100 влакна на цм2 го покриваат скалпот. Бројот на влакнени фоликули кои би ја дале оваа густина зависи од карактеристиките на пациентот. Додека 30 влакнени фоликули на цм2 кои содржат предоминантно 3 или 4 влакна се доволни за трансплантација со одлични резултати, потребни се 40-60 фоликули на цм2 кај особа чии фоликули содржат поединечни или дупли влакна за истиот ефект.

Кој не е соодветен кандидат за трансплантација на коса ?

Оние личности кои немааѕ адекватен број и квалитет на влакнени фоликули во донорската регија не треба да имаат на трансплантација на коса. Исто така оние кои се во почетни стадиуми на губиток на коса и чија коса не покажува очигледно ослабнување, не треба да бидат подложени на трансплантација на коса. Кај овие случаи, се препорачува медицински третмани за раст на косата како прва опција.

Кои се фазите на ФУЕ операција на трансплантација на коса ?

ФУЕ трансплантација на коса може да се подели на три фази.

Првата фаза се состои од екстракција на влакнени фоликули од страна на пластичниот хирург.Оваа фаза трае просечно 1-2 саати.

Втората фаза се состои од планирање и инцизија на каналчињата за влакната. Оваа фаза исто така ја изведува пластичниот хирург и трае 30-45мин.

Во тек на третата фаза, влакнените фоликули се инсерираат, ставаат во отворените каналчиња. Операцијата е завршена со адекватен завој. Ова трае 2-3 саати.

Кој e соодветен кандидат за трансплантација на коса?

Секој здрав поединец со адекватен број и квалитет на влакнени фоликули во донорската регија во задниот дел на скалпот може да биде кандидат за трансплантација на коса , се додека има и соодветни очекувања од постапката.

Дали трансплантацијата на коса навистина функионира?

Одговорот е да. Косата што се зема од донаторската зона и се трансплантира на реципиентната зона, припаѓа на пациентот, телото не прифаќа пресадена коса од друг донор и ја отфрла како резултат на тоа. Пресадената коса ги задржува своите карактеристики. Косата преживува на трансплантираното место и расте со одржување на таквите карактеристики се однесуваат на нејзината боја, структура и темпото на раст.

Медицинска обука

Иако губење на косата се чини првенствено дека е козметички проблем, механизмите на растење и губење на косата како и трансплантација на косата, влијаат на целото тело. И како дел од медицинска обука, лекарот учи како да се пристапи на човечкото тело како целина и да го користи овој пристап со пациентите во нивниот секојдневен живот.

Ако сакаме да се донесе сеопфатен пристап кон растот и опаѓањето на косата или трансплантација на коса, најдобро е да се постави прашање: “Што е косата?” Од козметичка гледна точка, косата е стилско средство кое се користи за постигнување на подобар изглед. Од друга страна, во согласност со холистички пристап, косата е значајна во однос на естетиката, но исто така таа има и биолошко значење. Нашата коса се состои од структури кои ја покриваат надворешната површина на нашето тело и исполнува бројни биолошки функции.

Зошто имаме коса?

Најстарото верување е дека единствената функција на косата во човечкото тело е да ја спречи загубата на топлина. Сепак, посебно благодарение на подобрувањата во постапките на молекуларната биологија, знаењето што ние денес го имаме за човечкото тело покажува дека фоликулите на косата имаат значајна улога во голем дел кожни механизми. Фоликулите на косата да делуваат како важен извор на матични клетки, кои го овозможуваат заздравувањето на раните освен на растењето на косата.

Фоликулите на косата се под контрола на андрогени хормони, штитната жлезда и вашиот нутритивниот статус. Било кое нарушување во овие системи може да се манифестира со опаѓање на косата.

Лекарот има обука за одржување на сеопфатен пристап кон раст и опаѓање на косата, и трансплантација на коса. Пред постапката за трансплантација на коса, лекарот завзема холистички пристап кон своите пациенти и дознава дали пациентот има основен здравствен проблем. Точната причина за губење на косата треба да се открие пред трансплантација на коса.

Кој ги поседува потребните квалификации за FUE трансплантацијата на коса?

Трансплантација на косата треба да се врши од страна на доктори специјалисти по
естетска и пластична хирургија . Денес, се повеќе слушаме дека во некои клиники,
медицински сестри или сродни здравствени работници вршат задачи слични на
оние на медицински сестри ја превземаат работата на лекарот и ги извршуваат
операциите. Насловите како специјалист за трансплантација на коса, „техничар за
брзо вадење графтови„ или „сестра за брза вадење на графтови„ ,се ништо повеќе
од фабрикувани наслови за оваа намена. Директна интервенција врз пациент од
страна на медицинска сестра или сродни здравствени работници е не само
неповолни за неговото здравје туку и нелегална. Медицинска сестра, здравствен
техничар или козметичар не смее да врши трансплантација на коса. Треба да се
напомене дека штетата предизвикана од страна на таквите злоупотреби е
непоправлива.

Хируршко искуство

Лице кое може да врши реставрација на коса треба да биде лекар кој има сеопфатен пристап кон пациентот; пластичен хирург кој е потесно специјализиран за трансплантација на коса и има технички вештини потребни за операцијата на трансплантација на коса.

Лекар специјалист што врши трансплантација на коса треба да има детално познавање на анатомијата и физиологијата на влакната на кожата и фоликулите на влакната. Влакнестата кожата не е ограничена само на зоната на која расте косата. Влакнестата кожата има физиолошки активна, комплексна анатомија.

Лекар специјалист што врши трансплантација на косата, исто така треба да имаат детално познавање на реакцијата на влакнестата кожата, васкуларната структура, лимфната дренажа, биомеханика и заздравувањето на раните.

Зошто трансплантација на косата треба да се врши од страна на пластичен хирург?

Наједноставно кажано, главната функција на фоликулите е да произведуваат
влакно. Ова е највидливата придобивка за која сме заинтересирани. Густа коса е
многу значајна козметичка единица за нас при презентацијата пред други лица.

Првиот метод кој треба да го примениме при губењето на косата е стимулација на
фоликулите на косата да произведуваат повторно влакна преку медицински
третмани, или да се направи трансплантација на косата. И она што ни е потребно
за оваа постапка е стручна помош од лекар специјалист.

Зошто трансплантација на косата треба да се врши од страна на пластичен хирург?
Одговорите на ова прашање може да се наведени под различни наслови.
Медицинска обука
Обука по микрохирургија
Специјализација за трансплантација на коса
Комбинирање на науката и естетика во трансплантација на коса

Науката, техниката и уметноста во трансплантација на коса

Научното знаење и одличната хируршка техника се двете бази на тријадата на трансплантацијата на коса. Естетскиот пристап е третата база, која е од суштинско значење. Медицинското знаење, искуството и естетската вештинина за донесување одлуки ја прават целата операција за трансплантација на коса еден вид на уметност. Пластичните хирурзи можат да постигнат задоволителни резултати при трансплантацијата на косата од медицински и естетски аспект, со комбинирање на научните познавања, одличната хируршка техника и компетентоста.

Дали трансплантацијата на коса дава постојани резултати?

Операцијата за трансплантација на косата дава трајни резултати. Фоликулите на косата што се пресадуваат при операцијата се генетски отпорни на влијанието на тестостеронот кој предизвикува губење на косата. Трансплантираната коса опстанува на трансплантираното место доживотно. Ако трансплантираната коса би била подложна на понатамошно опаѓање, тогаш трансплантацијата на косата не би имала смисла.

Што всушност се трансплантира кај трансплантацијата на коса, влакнени фоликули или влакнени нишки (влакна) ?

Влакнени фоликули ( фоликуларни единици) се трансплантираат при трансплантација на коса. Фоликули на влакното (фоликуларни единици) се анатомски структури кои содржат едно, две, три или повеќе влакна. Затоа што овие структури покажуваат анатомски интегритет, користењето на фоликули (фоликуларни единици ) при трансплантацијата на коса допринесува за природен, естетски и ефективен резултат.

Кој дел од скалпот функционира како донорска зона за трансплантација на коса ?

Влакнените фоликули ( фоликуларни единици ) се земаат од задниот дел на скалпот помеѓу ушите, каде косата е особено густа и отпорна на опаѓање. Затоа трансплантираната коса не опаѓа и со трансплантацијата се постигнуваат трајни резултати.

Што претставуваат броевите кои се споменуваат врзано за трансплантацијата на коса ?

Количината која се трансплантира при трансплантација на коса го претставува бројот на влакнени фоликули. Во однос на бројот на влакннени нишки, бројот на влакнени нишки (влакна) може двојни да го надмине бројот влакнени фоликули. Во таа смисла, понуда на број на влакна на пациентот пред трансплантацијата може да звучи конфузно, aко сметаме дека секој влакнен фоликул ( фоликуларна единица ) содржи повеќе од едно влакно, трансплантација од 3000 влакнени фоликули значи дека 8000 до 10000 влакнени нишки ( влакна) се трансплантирани.

Со кој метод се земаат влакнените фоликули кои се користат за трансплантација на коса ?

ФУЕ техниката на трансплантација на коса е најчесто користениот метод. Исто така е пошироко познат и како *нова техника* . Влакнените фоликули поединечно се вадат како анатомска целина од задниот дел на скалпот со микрохиришка техника и поединечно се ставаат на реципиентната регија ( проретчената регија). Од друга страна , со ФУЕ техниката на трансплантација , фоликулите се земаат од задниот дел на главата во вид на тесна лента кожа. Ова остава тенка лузна на влакнениот дел од скалпот ФУЕ техниката е обично позната како * стара техника*.

ФУЕ трансплантацијата на коса има неколку предности, не остава трајна лузна, донорската зона е поефикасно искористена и постоперативниот период е поудобен за пациентот.

Дали е ФУЕ трансплантацијата на коса нова техника ?

ФУЕ е глобално одобрена и се изведува уште од 2003 година.

Основачите на New Age Clinic, хирурзите специјалисти за естетска и пластична хирургија, Д-р Илкер Апајдн и Д-р Озге Ергун ја користат ФУЕ техниката на трансплантација уште од 2004. Со ФУЕ техниката , нашите хирурзожи можат дури до 4000-4500 влакнени фоликули да инсерираат во една единствена сеанса во само еден ден.

Како се одвива периодот на заздравување после ФУЕ трансплантација на коса ?

Трансплантацијата на коса не значи губење на работни денови, пациентот може да се врати на работа за 1-2 дена после операцијата. На реципиетната зона, црвени пункции и тенки лушпи се формираат на дното на трансплантираните фоликули кои траат 7-10дена. За 10 дена , интензитетот на тие тенки лушпи брзо се намалува до само десетина во однос на првиот ден. Црвенилото исчезнува после третиот ден од процедурата. Кога ФУЕ техниката се користи, косата на донорската зона израснува доволно долга за да ги покрие местото на ектракција до десетиот ден после операцијата.

Целосно нормален изглед се постигнува после десетиот ден. Трансплантацијата на коса не бара долгорочна постоперативна нега.

Дали ќе имам некои рестрикции после ФУЕ трансплантацијата на коса во однос на пливање во базен или море, или користење на сауна ?

Можете да почнете да пливате во море или базен и да користите сауна после 10-иот ден од трансплантацијата на коса.

Кога можам да се вратам на работа после ФУЕ трансплантација на коса ?

Трансплантацијата на коса не предизвикува губење на работни денови, пациентот може веднаш да се врати на своите работни и социјални активности. Ќе има само благо црвенило и тенки лушпи во дното на пресадените влакна кои ќе бидат видливи 7-10 дена.

Ќе морам ли да си ја скратам косата за ФУЕ техниката ?

Да, влакнените фоликули треба да бидат видливи само на површината на кожата за да може да се ектрахираат ( извадат ) поединечн без никакви проблеми. Тоа бара степен 1 должина на косата. Меѓутоа, ако проретчувањето на косата е само на ограничена зона и ако мал број на фоликули се потребни, може и да нема потреба од целосно кратење на косата. Тогаш косата во донорската регија се крати во форма на тесни ленти и поради тоа што овие донорските ленти ќе бидат веднаш покриени од подолгата коса над нив, самите тие нема да бидат видливи.

Кој е квалификуван а кој не е квалификуван да изведува ФУЕ трансплантација на коса ?

Во денешно време, се повеќе се слуша дека во некои клиники, медицинските сестри или некој друг медицински персонал кој има слична работа како медицинска сестра, ја земаат улогата на доктор и ја изведуваат трансплантацијата на коса. Титулите како специјалист за трансплантација на коса, медицинска сестра за брзо вадење фоликули се само измислени титули за оваа намена.

Ниту една сестра за транплантација на коса, медициснки техничар или козметичар имаат дозвола да изведуваат трансплантација на коса. Директна интервенција на пациент од страна на сестра или медицински персонал е и нелегално и здравствено неисправно. Мора да се нагласи дека оштетувањето направено од небрежност е непоправлива.

Колку долго трае ФУЕ трансплантацијата на коса ?

Траењето на операцијата зависи од специфичните потреби на пациентот и бројот на влакнени фоликули кои треба да се трансплантираат. Додека трансплантација на 1000 фоликули може да се заврши за 2-3 саати, операцијата може да трае 6-7 саати за 4000-4500 фоликули.

Кога косата ќе почне да расте после ФУЕ трансплантација на коса ?

Црвенилото и тенките лушпи кои се јавуваат веднаш по трансплантацијата , исчезнуваат во период од 7-10 дена и се враѓа нормалниот изглед на кожата. Трансплантираната коса почнува да паѓа отприлика во 6-тата недела после операцијата. Треба да се нагласи дека ова е нормална и привремена ситуација. Може да бидете загрижени во текот на првите три месеци кога речиси и да не гледате резултати. Но, со малку трпение,ќе видите како вашата коса брзо ќе почне да расте а вашите грижи ќе исчезнат. Трансплантираната коса почнува да се појавува во тек на првите три месеци и постепено ќе се зголемува со секој поминат месец, се до една година. Крајниот резултат се забележува на крајот од првата година кога евидентна промена во густината треба да се очекува.

Дали има некои ризици врзани за трансплантацијата на коса?

Техниките на трансплантација на коса се безбедни техники, генерално, особено ако се изведени од искусен пластичен хирург. Но, пациентите се разликуваат во голема мера во однос на нивната физичка и здравствена состојба и нивниот потенцијал за заздравување , па затоа ризиците зависат кај различни особи.

Дали ФУЕ трансплантацијата се завршува во една сесија ? Дали ќе ми треба втора трансплантација ?

Трансплантацијата на коса дава трајни резултати. Сепак , втора трансплантација може да биде потребна во некои случаи. Може да биде потребна во следните цели :

  1. да ги постигне посакуваните резултати кај случао на континуирано брзо губење на косата како резултат на наследна ќелавост.
  2. да го постигне природниот изглед кај оние пациенти кои имале претходна трансплантација на коса со старите техники, значи како корективна операција.
  3. да ја постигне густината на коса до степен на оригиналната густина за пациенти кои посакуваат таков резултат.
  4. да се коригира или промени фронталната линија преку поместување напред или назад согласно на возраста на пациентот.
  5. да се обезбеди коса на делови од скалпот каде претходна операција не е изведувана

Дали мојата трансплантација на коса ќе ми даде резулат успешен како на мојот пријател ?

Друга верзија на ова прашање може да биде: “двајцата имавме ист број на влакнени фоликули, зошто тој има погуста коса”?

Дури и на иста возраст и пол, споредувањето на резултатите од трансплантација на коса би било како споредување на јаболки и портокали. Најбитните карактеристики се формата на главата, образецот на ќелавост и степенот на проретчување. Но и бројни други фактори имаат влијание на резултатите кои трeба да се добијат, како дебелината,цврстината на влакното, бројот на влакна во секој влакнен фоликул, карактеристикити на косата дали е права, брановидна или виткана, бојата на косата и контрастот меѓу бојата на косата и скалпот.

Трансплантирањеро на ист број на влакнени фоликули не ги гарантира истите резултати кај секој. Ако претпоставиме дека ист број на влакнени фоликули се трансплантирани на иста површина на исто место кај различни личности, сепак личноста со поцврсти влакна и со поголем број на влакна во влакнените фоликули ќе добие позадоволувачки резултат со пугуст изглед на косата.

Додека 4000 фоликули (фоликуларни единици ) со предоминантно 3 цврсти влакна одговараат просечно на 10000 цврсти влакна ; 4000 фоликули со предоминантно единечно слабо влакно одговараат на вкупно 4000 влакна.

Слично на ова, виткани влакна даваат подобар камуфлажен ефект. А ако контрастот со скалпот се намалува, се добива погуст ефект, што значи дека резултатот од трансплантација на коса во комбинација на светла коса и светол тен дава многу погуст ефект во споредба со комбинацијата од црна коса и светол тен на скалпот.

Пластичниот хирург ги зема во предвид овие вариабли пред трансплантацијата на коса и го прави најдобриот план на третман за да го добие посакуваниот резултат. Користењето на индивидуализиран план и индивудуализирана техника на трансплантација обезбедува максимални резултати согласно на очекувањата на пациентот

Колку долго ќе биде очигледно дека сум направил трансплантација на коса ?

Ќе има убодни црвени точки и тенки лушпи на дното на трансплантираните влакна, кои ќе бидат видливи 7-10 дена. За десетина дена интензитетот на овие тенки лушпи рапидно се намалува до една дестина во однос на првиот ден. Кога ФУЕ метод се користи косата од донорската регија за дестина дена израснува доволно за да ги покрие зоните на вадење на графтовите. Целосно ќе го добиете нормалниот изглед за 7-10 дена.

Колку долго ќе е потребно за да го имам оптималниот ФУЕ резултат од трансплантацијата после операцијата ?

Трансплантираните влакна почнуваат да опаѓаат отприлика во шестата недела после операцијата. Треба да се наглси дека ова е нормална и привремена ситуација. Косата почнува да расте повторно од 5-6 недела после опаѓањето. Треба да бидете стрпливи за да го добиете оптималниот резултат од трансплантацијата на коса. Во некои случаи, потребно е до една година да ги добиете потребните резултати.

Колку долго ќе биде потребно за да го продолжам мојот нормален живот после ФУЕ трансплантацијата на коса ?

Ќе има благо црвенило и тенки лушпи на дното на пресадените влакна на местото на трансплантација, кои ќе бидат видливи 7-10 дена. После овој период, другите нема да забележат дека сте имале трансплантација на коса. Ако сакате пресадувањето на коса да го држите во тајност, можете да продолжите со нормалниот живот ден после опеарацијата.

Дали ќе имам природен изглед после трансплантацијата на коса ? Како може да сум сигурен во природен изглед после трансплантацијата ?

Природниот изглед е дефиниција за успешна трансплантација на коса. Фоликулите кои се користат за трансплантација, адекватна инсерција на фоликулите, големината на фоликулите и изборот на техниката на трансплантација се меѓу одлучувачките фактори за природен изглед на трансплантацијата на коса.

Еден од најзначајните критериуми за природен изглед е успешно изведена фронтална линија, Треба да се нагласи дека специјалист пластичен хирург може да ги земе во предвид овие критериуми, да го направи планирањето и да ја изведе трансплантацијата. Поради тоа, тајната на природниот изглед лежи во изборите направени од специјализираниот хирург чија експертиза е трансплантацијата на коса.

Дали трансплантацијата на коса ќе ја оштети мојата постоечка коса ?

Точките за инсерција на графотвите помеѓу влакната се прават со микрохируршка техника на инцизија со помип на опрема за зголемување. Нема ризик во однос на оваа процедура кај оние пациенти кои имаат очигледно ослабнување на косата, кои имаат безвлакнен скалп меѓу фоликулите.Со оглед на ризикот да се оштети постоечката коса , трансплантацијата на коса не се препорачува кај оние личноси кои имаат почетни стадиуми на губење на косата и чија коса не покажува очигледно проретчување. Кај овие случаи, медицински третмани се преплавуваат првично.

Која е најдобрата техника за трансплантација на коса ?

Денес,меѓу техниките на трансплантација, ФУЕ техниката е најчесто користена со докажан успех. Благодарение на ФУЕ техниката, возможно е да постигнеме природни и естетски задоволителни резултати без лузни. ФУЕ техниката исто овозможува поудобен постопретивен период на рехабилитација

Ќе имам ли болки во тек на трансплантацијата ?

Во однос на ФУЕ трансплантацијата, најзначајната загриженост на пациентите е одговорот на прашањето : “Дали ќе имам болки во тек на трансплантацијата ?” Трансплантацијата на коса спаѓа меѓу оние интервенции кои обезбедуваат високо ниво на удобност на пациентот. Само блага болка се чувстува во тек на инјектирањето на локалната анестезија на почеток на операцијата, додека остатокот од трансплантацијата после оваа фаза е целосно безболна.

Дали ќе имам болка после трансплантацијата на коса ?

Генерално, пост-оперативниот период од трансплантацијата на коса е безболен. Само блага болка е присутна во тек на ноќта после операцијата, која може лесно да се изгуби со аналгетици.

Дали да чекам целосно губење на косата за да направам трансплантација на косата ?

Идеалниот период за трансплантација на коса се почетните стадиумот кога проретчувањето станува видливо а пациентот и неговите блиски сеуште не се навикнати на тој изглед. Но, личноста не треба да чека комплетно губење на косата за да ниту личноста ниту опкружувањето не се навикнат на тој изглед. Возможно е да има блага транзиција пред личноста да биде перцепирана дека оќелавила.

Кои критериуми детерминираат успех од трансплантацијата на коса?

Најзначајниот критериум за успешна трансплантација на коса е изборот на искусен хирург кој е обучен за изведување на операцијата.

Поради тоа што донорската регија има ограничен број на влакнени фоликули, многу значајно е да не се повредат тие фоликули во тек на вадењето. Влакнените фоликули нема да се оштетат доколку внимателно и нежно се вадат под микроскоп, од страна на пластичен хирург со обука од областа на микрохирургија.

Со цел да се постигнат успешни резултати, не е доволно само да се извадат фоликулите без оштетување, потребно е и нивно складирање во соодветни услови, изработка на индивидуализиран план во однос на образецот на инсерција, ставање на фоликулите, организација на густината и ориентацијата на каналчињата, инсерција на фоликулите без оштетување, изведување на трасплантацијата на коса од страна на пластичен хирург искусен во тоа поле и користење на напредна технологија се меѓу потребните критериуми потребно за успешна транплантација на коса која дава природен изглед.

Дали мојата коса ќе покаже соодветна густина како резултат на трансплантацијата на коса ?

Еден од најзначајните критериуми за успешна трансплантација на коса се адеквтани очекувања на пациентот. Реалистична и возможна основа треба да се постави меѓу она што ние како доктори можеме да обезбедиме за пациентот и тоа што пациентот го очекува. Целосно задоволство на пациентот се постигнува со трансплантација на коса изведена од пластичен хирирг специјализиран во оваа област кај пациенти со соодветни очекувања.

Колку долго треба да чекам за да патувам после трансплантацијата на коса ?

Косата се мие првиот ден после операцијата на трансплантација и ачиентот се обучува како да ја мие нежно косата. Оваа процедура, се изведува обично следното утро и трае 15мин. Веднаш после тоа може да патувате.

Дали има возрасна граница за трансплантација на коса ?

Не, нема возрасна граница за трансплантација на коса. Секој со очигледно губење на коса може да има пресадување на коса. Идеално е да се изведе операцијата во рана фаза пред другите луѓе да го забележат степенот на проретчување.

Која е најудобна сезона за трансплантација на коса ?

Не можеме да зборуваме за специфична удобна сезона за трансплантација на коса. Може да биде изведена со исто ниво на успех во било која сезона. Но, ќе постојат ограничувања во однос на пливање во море или базен или изложеност на сонце. Тоа ја прави оваа операција потешка за социјалниот живот во тек на летните месеци.

Дали трансплантацијата на коса може да се повтори ?

Ако е потребно, трансплантацијата на коса може да се повтори 3-4 пати зависно од густината и бројот на фоликули во донорската регија.

Втора трансплантација на коса може да се планира во случаи на континурирано брзо губење на косата, кај пациенти кои сакаат поголема густина на косата, со цел да се обезбеди влакнетост на оние места каде не била правена трансплантација порано и со цел корекција на состојбата кај оние пациенти кои имале неуспешна трансплантација на коса во некои други клиники.

Може ли трансплантацијата на коса да ги оштети ткивата подлабоко во главата, како коските или интракранијалните елементи ?

Операцијата на вадење, екстракција на фоликули се изведува комплетно со микрохирургија, со помош на инструменти за зголемување. Екстракцијата се изведува на ниво на влакнените фоликули што е во границите на влакнениот скалп. Поради тоа што операцијата не го надминува влакнениот скалп, ткивата лоцирани подлабоко не се оштетени.

Дали ФУЕ трансплантацијата остава лузни ?

Нема трајни лузни после ФУЕ трансплантацијата на коса.